За овогодинешната Ноќ на вештерките, компанијата Caviar подготви UFO колекција од луксузни дизајни за iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max.
Станува збор за уреди кои содржат материјали од вселената, поточно украсени се со фрагменти од метеоритот Murchison, кои содржат аминокиселини.
За UFO колекцијата Caviar користел фрагменти од метеорит во кои научниците откриле 15 аминокиселини, а се верува дека метеоритот е стар 7 милијарди години, што е 4,54 милијарди години постар од Земјата и Сончевиот Систем. Тоа значи дека моментално е најстариот материјал на Земјата.
Материјалот е дел од дизајнот на куќиштето Allien, додека на задната страна е прикажан портрет на Predator. Достапни се уште две опции наречени Astral и Starship. Astral го прикажува универзумот, додека Starship е инспириран од вселенски брод. За овие дизајни, Caviar користел метеорити од Месечината и Марс, 24-каратно злато, титаниум и нерѓосувачки челик.
Цената на паметниот телефон на Caviar е 9.000 долари.
Más historias